×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Загина велосипедист откако во него удри автомобил на „Октомвриска“

    25.01.2023 16:28 | Сузана Николиќ

    Седумдесет годишен велосипедист им подлегнал на повредите, откако вчера бил удрен од автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. Несреќата се случила околу 14 часот, а возачот побегнал од местото.

    Загина велосипедист откако во него удри автомобил на „Октомвриска“

    „На булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко моторно возило „сеат“ со кумановски
    регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од Куманово, удрило во велосипедистот Ж.Ј.(70) од село Режановце, кумановско, по што го напуштил местото. 

    Велосипедистот Ж.Ј. бил пренесен во болницата Куманово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во
    Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 06.00 часот на 25.01.2023 починал“, соопшти СВР Куманово.

    Денеска, по преземените мерки и активности, од полициски службеници од СВР Куманово бил пронајден возачот и во службен разговор во полициска станица го признал делото.

    По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.