×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Венко Филипче доби 655 гласови во Куманово

    06.04.2025 22:32 | Оливера Пешевска

    Лидерот на СДСМ Венко Филипче доби 655 гласови на денешните избори во општинсската организација на СДСМ во Куманово, од вкупно регистрирани 810 членови.

    Венко Филипче доби 655 гласови во Куманово

    Денеска е забележан е поголем одѕив во однос на изборите во јули,  кога на гласање излегле 662 членови, но имало 7 неважечки ливчиња.

    Изборите во Куманово поминале во најдобар ред, без никакви отстапки или нерегуларности

    „Венко Филипче ни носи нова надеж во партијата, што го докажува и самиот резултат од денешниот изборен процес. Пред него стои голема одговорност, бидејќи граѓаните се уморни од празни ветувања.  Очекуваме визија, кредибилитет и искрен пристап кон сите граѓани и промена на СДСМ одвнатре“, изјави Тамара Анастасовска, претседател на Општинска изборна комисија Куманово.

    Изборите се одвивале на 78 избирачки места, каде од 23.720 запишани члена гласале 18.140 или 76,5% од запишаните. Од нив 18.001 член гласал за Филипче, а неважечки се 131 ливче.

    Во своето обраќање старо- новиот претседател на СДСМ нагласи дека тоа што добил дупло гласови од претходниот пат е само доказ дека интензивната работа дава резултати.

    „Изборниот процес не беше само технички организиран, туку нашите членови искрено веруваат во исправноста на политиките кои изминатиот период ги водиме. И така и ќе продолжиме. Ова е победа на сите членови на СДСМ кои искрено веруваат во вредностите на социјалдемократијата- во правичноста, во напредокот, во еднаквоста“, истакна Филипче.

     Тој кажа дека ќе се посветат на локалните избори и дека ќе ги изберат луѓето кои најдобро ќе ги претставуваат, луѓе со кредибилитет во своите средини и луѓе на кои ќе може да им се верува дека политиките и програмите што ќе ги ветат ќе можат да ги исполнат.