×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Верниците го слават Свети Никола

    19.12.2012 09:49 | KumanovoNews

     Црквата „Свети Никола„ денеска го слави патронатот. Православните верници утрово дојдоа во црквата да сечат колач за славa и да запалат свеќа за здравје.

    Верниците го слават Свети Никола

    Славам денеска и ми доаѓаат блиски роднини. Запалив свеќа за здравје, за да ни помогне на нас и на децата. Постиме три дена пред самиот празник, а денеска гости ќе чекаме со посна трпеза. Ги почитувам сите празници - вели Салим Мухтезовски од Куманово.

    За Свети Никола се готви гравче, посни сарми, се прават посни колачи.

    - Запалив свеќа за здравје на сите во куќата. Јас славам Свети Архангел, но сега дојдов за бериќет да се помолам. Постам пред сите празници, сега траат и божиќните пости и сите во фамилија постиме - рече Ружа Илиевска од населба “Јане Сандански“.

    Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо. Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нов Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.

    Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.

    Празникот Свети Никола се слави на 19 декември и на 22 мај како Свети Никола Летни. Во православието тој е еден од најпочитуваните светци.