×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ви оддавам признание за се што сторивте во овие тешки моменти, им порача Димитриевски на здравствените работници

    07.04.2021 10:53 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска во Општата болница Куманово донираше заштитна опрема за вработените, по повод Денот на здравствените работници- 7 Април.

    Ви оддавам признание за се што сторивте во овие тешки моменти, им порача Димитриевски на здравствените работници

     Честитајќи им го празникот во свое име и во името на граѓаните, тој им посака помалку работа и да се заблагодарам за сето она што го даваат првo како луѓе, а потоа и како професионалци, во овие тешки моменти на епидемијата.

    „Одавам целосно признаие за нивната работа. Воедно сакам да истакнам дека соработката со Општата болница Куманово и Општина Куманово е на едно високо ниво. Во изминатиот период се соочуваме со една незапомнета криза, сите заедно учествуваме во тоа и успеавме да реализираме повеќе заеднички проект, еден од нив е модуларната ковид болница, а се надевам дека во наредниот период ќе успееме да направме целосна гасификација на болницата, бидејќи ЈП „Куманово-гас“ постави пункт за испорака на гас“, - кажа градоначалникот Димитриевски.

    Директорката Снежана Захариева, се заблагодари на Општината и градоначалникот за сета поддршка којашто им беше дадена во изминатиот период и се надева дека таа ќе продолжи и во наредниот период.

    „Честитката за 7 Април ја упатувам до сите здравствени работници, најпрвин до оние кои втора година се ангажирани во ковид-центите, кои што не се штедат  себеси. За жал, двајца колеги ја изгубија битката со ковид-19, некои изгубија членови на семејството, а некои беа и пациенти. Ниту еден момнетнт не се ставивме себе пред пациентите, даваме свој максимум. Ќе продолжиме да работиме и мислам дека и пациентите ја препознаваат нашата желба, секој кој влегол овде излегол со еден попозитивен поглед на животот и вредностите што доброто здравје ги носи секој од нас“, изјави директорката Захариева.

    Таа аплеираше до сите граѓани да помогнат да се добие оваа битка, со тоа што ќе се придржуваат до мерките, бидејќи само со заеднички сили, може да се победи невидливиот непријател, кој однесе многу животи и остави трајни последици по здравјето на пациентите.