×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Видливост до 30 метри кон Крива Паланка и Павлешенци

    22.12.2015 09:50 | KumanovoNews

    Поради магла видливоста кон Крива Паланка и Павлешенци е намалена на 30 метри, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

    Видливост до 30 метри кон Крива Паланка и Павлешенци

    Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.