Викендов во Куманово казнети 194 возачи, 45 возеле алкохолизирани, 21 без возачка дозвола
18.09.2023 12:16
| Сузана Николиќ
Во текот на изминатиот викенд, во акциска контрола санкционирани се вкупно 194 возачи во Куманово.

„Од кои 123 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 21 за управување возило без возачка дозвола и 5 за нерегистрирано возило“, соопшти Кумановската полиција.
Тие велат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради безбедноста во сообраќајот.