Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Високите зони на градот повторно се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето.
Без вода за пиење се жителите на Черкеско село, населбите Карпош, Перо Чичо и Пчински пат.
Повеќе од 10 дена немаме вода. Жителите се нервозни особено што е во време на пост. Бараме што побрзо да се реши проблемот или најавуваме граѓанска непослушност и блокирање на патот кон Скопје,- изјави претседателот на месната зедница на Черкеско село Фадиљ Шабани.
Од јавното претпоријатије “Водовод“ обвинуваат дека Водостопанство “Кумановско-липковско поле“ го затворило “бај пас“ водот, и затоа немаат Перо Чичо, како и Пчински пат немаат вода.
“ Ова не е прв пат. “Бај пасот“ е вклучен од април месец. Многу е симптоматично што истото се случи и минатата година исто време“-изјави Горан Стојковски, директор на “Водовод“.
Од Водостопанство “Кумановско-липковско поле“ ги отфрлаат обвинувањата на Стојковски дека “бај пасот“ е затворен, тенденциозно и политички.
“Дамјановски го уништува Водостопанство “Кумановско-липковско поле“ кое врши дотур на вода до комуналното претпријатије и ги чува количините вода во акумулациите години наназад. Доколку ваквиот однос продолжи , можно е да дојде до празнење на акумулациите и реално тогаш ќе има проблеми“-рече Филип Филиповски, директор на Водостопанство “Кумановско-липковско поле“.
Филиповски вели дека имаат дефекти кои не можат да ги санираат, а за ваквото функционирање на Водостопанство ја обвинува општината и градоначалникот Зоран Дамјановски.