×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Владата да го отпише долгот од 2,5 милиони евра на „Водовод“ кон „Водостопанство“ како во другите градови, бара Советот на Куманово

    06.09.2022 18:34 | Сузана Николиќ

    Кумановскиот Совет бара од Владата да го отпише стариот долгот на ЈП „Водовод“ кон АД „Водостопанство“ во висина од 151 милион денари (околу 2,5 милиони евра) за да се одблокира сметката на претпријатието и тоа да може нормално да функционира. 

    Владата да го отпише долгот од 2,5 милиони евра на „Водовод“ кон „Водостопанство“ како во другите градови, бара Советот на Куманово

    Тие тврдат дека ваква финансиска поддршка добиле јавни претпријатија во други градови, кои под исти околност создале долгови не по нивна вина како и комуналното претпријатие од Куманово.

    „Едногласно, советниците од сите политички партии во Советот бараме од Владата да обезбеди финансиски средства за отпишување на долгот на ЈП ‘Водовод’, по примерот на донесената одлука на Влада од 21.12.2021 година кон ЈП ‘Комуналец’ од Струмица во износ од 84 милиони денари и долгот на ЈП ‘Услуги’ Берово во износ од 6 милиони денари. Се надеваме дека како на овие две претпријатија ќе се помогне и на нашето, бидејќи заслужуваме еднаков третман со другите општини“, кажа Ивана Ѓорѓиевска, претседателката во Советот на Општина Куманово.

    Зад барањето за покривање на долгот застанаа советниците на Наше Куманово, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, ГРОМ, Алтренатива и Левица.

    ЈП „Водовод“ кое купува сирова вода од АД „Водостопанство“ се соочува со долгови стари десетина години, бидејќи во времето кога на централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ, а на локална СДСМ, двете претпријатија не можеа да се договорат околу цена на водата, па граѓаните постојано имаа проблеми со водоснабдувањето. Тогаш „Водостопанство“ фактурираше по цена која нему му одговара од 2 на 7 денари, а „Водовод“ тврдеше дека таа е нерелна и превисока. Од 2019 година, кога цената на водата ја дефинира Регулаторната комисија, нема проблеми во подмирување на обврските меѓу претпријатијата.

    ЈП „Водовод“ во моментот се соочува и со сериозни финансиски проблеми поради високите сметки за струја, бидејќи стопанисува со најзначајните инфраструктуирни објекти во градот како што се: Фабриката за преработка на вода за пиење, Станицата за пречистување на отпадни води и пумпите за вода на алтернативните бунари. Поради неплатени сметки за струја на средината на минатиот месец беше исклучена административната зграда и двата наплатни центри, со одлука на Кумановскиот суд.

    „Од 1 септември повторно сме вклучени на дистрибутивната мрежа на ЕВН како снабдувач во краен случај. Тоа значи дека цената на електричната енергија ќе ни биде за 50 отсто повисока од она што е на берзата, бидејќи тоа е договорот со ЕВН, се додава маржа од 50%. Ако цената по мегават/час е по 800 евра, за ЈП ‘Водовод’ во сметката за септември ќе биде 1200 евра мегават/час. Тоа значи дека за август очекуваме сметка од 11 милиони денари, а за септември околу 15 милиони денари. За истиот период лани плаќавме од 1,2 до 1,4 милион денари, што е за 10 пати повеќе“, изјави Оливер Стојмановски, директор на ЈП „Водовод“.

    Претпријатието во рамките на своите можности месечно плаќа околу 3 милиони денари за електрична енергија, бидејќи работи под блокада, но доколку не добијат помош од државата или општината ќе се доведе во прашање нивната работа. Прва на удар ќе биде исклучување на Пречистителната станица за отпадни води што ќе доведе до еколошка катстрофа во регионот.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk