Мени

Владата ги намали акцизите, ќе поевтинат бензинот и дизелот

05.04.2026 13:01 | KumanovoNews

Владата донесе одлука за намалување на акцизите на горивата на денешната вонредна седница.

Владата ги намали акцизите, ќе поевтинат бензинот и дизелот

Се очекува намалување на акцизата за дизел горивото за 4 денари по литар, додека акцизата за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара по литар.

„Сакам да ја информирам јавноста дека до 20 април продолжуваме со намалената стапка на ДДВ од 18 на 10 проценти, а истовремено донесовме одлука за намалување на акцизите на дизелот за 4 денари, а за безоловните бензини 95 и 98 октански за 2 денари по литар. Тоа драматично ќе се почувствува кај цените на бензините и на дизелот со што практично покажуваме и докажуваме дека се бориме да го зачуваме стандардот на граѓаните“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.

Во преговори со „ОКТА“ било договорено попустот да го продолжат до крајот на април.

Мицкоски посочи дека и покрај тоа што Македонија во моментов плаќа најевтин бензин во регионот, анализите на Владата покажуваат дека била потребна дополнителна интервенција со цел заштита на буџетите на домаќинствата и поддршка на економијата.