×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ги прифати барањата на „Марш за чист воздух“

    04.12.2019 11:30 | KumanovoNews

    Владата ги прифати барањата кои ги поставија организаторите на „Марш за чист воздух“, заради заедничко обединување на институциите и граѓанскиот сектор во исполнување на Планот за чист воздух.

    Владата ги прифати барањата на „Марш за чист воздух“

    „Марш за чист воздух“ предложи седум итни мерки кои ги постави минатиот петок на протест како услов за да одат на средба со владини претставници.

    Владата денеска објави дека решавањето на сите седум барања е во постапка.

      Најдоцна до крајот на годината ќе биде усвоен ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште. Тој моментално е на усогласување во Град Скопје и се очекува да биде усвоен на наредната седница на Советот на Градот.

        Владата го повикува Јавното обвинителство да отвори истрага за „Охис“ и за палење на кабли низ Скопје и ги става на располагање сите доказни материјали кои се прибрани од институциите со кои раководи.

        Владата го прифаќа барањето да се усвојат измените и дополнувањата на Законот за животна средина кои директно се однесуваат на управувањето со контаминираните подрачја. Предлог-законот ќе биде на дневниот ред на денешната седница на Генералниот колегиум на Владата, по што ќе оди на разгледување и утврдување на седница на Владата на 10 декември, а потоа и на усвојување во Собранието.

        Се прифаќа барањето за стопирање на процедурата за усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, заштита на животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди и за комунална хигиена со Законот за прекршоци.

        Владата ќе ја поднесе апликацијата за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат откако ќе бидат потпишани анексот на Студијата за валоризација за Студенчишко Блато и Договорот за Студија за ревалоризација на Охридското Езеро помеѓу ГЕФ, МЖСПП и УНЕП до крајот на 2019.

        Концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица-Штука е веќе одземена и ќе стапи на сила по завршувањето на жалбената постапка во Управниот суд, која е во тек.

        Се прифаќа и предлогот да се одземе истечената концесија за експлоатација на рудникот Плавица и оваа одлука ќе биде донесена најдоцна до 17 декември.