×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата на Груевски им дала 25 милиони евра на Сител, Канал и Алфа

    25.11.2019 11:41 | KumanovoNews

    Владата на ВМРО-ДПМНЕ им дала 25 милиони на телевизиите „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа ТВ“, во периодот од 2010 до 2017 година, објави „Призма“.

    Владата на Груевски им дала 25 милиони евра на Сител, Канал и Алфа

    Податоците се од владината датабаза „Отворени финансии“, која е активна од минатата недела.

    Вкупно, владата на Груевски дала 26,6 милиони евра за рекламирање на телевизиите, но дури 25 милиони отишле кај овие три национални телевизии.

    Најмногу, 10,2 милиони евра државни пари, отишле кај Сител, потоа следува „Канал 5“ со 8,5 милиони евра, додека „Алфа ТВ“ добила 6,3 милиони евра, од кои најголем дел од 2013 година наваму, откако телевизијата ја презема српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ.

    За истиот период, останатите две национални телевизии „Телма“ и „Алсат“, добиле околу 859.000 и околу 545.000 евра.