×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ бара Општината да не наплаќа паркинг кај Градскиот базен

    28.01.2020 14:09 | KumanovoNews

    Сакаме да искажеме јавен резолт и остро несогласување со намерата на градоначалникот Mаксим Димитриевски, користејќи го ЈП „Куманово-паркинг“, просторот пред затворениот градски базен да се трансформира во паркинг простор со наплата, рече на денешната прес-конференција Милан Давидовиќ, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

    ВМРО-ДПМНЕ бара Општината да не наплаќа паркинг кај Градскиот базен

    Тој вели дека е крајно време градоначалникот Димитриевски да престане да го уништува Куманово и наместо да ги цртаат паркинг местата, апелираат да ги вратат игралиштата за мал фудбал и баскет, кои постоеја на овој простор, а воедно ги повикуваат членовите на Советот да се издигнат над тесно партиските интереси и да не дадат согласност на оваа одлука на ЈП „Куманово-паркинг“.

    - За да се напалаќа паркинг не е доволно да се купи еден литар боја и да се нацртаат паркинг места на улици или пак на во случајотв да се уништи спортски комплекс. Треба да се реализираат ветувањата, односно да се инвестира во катни гаражи, особено во централното градско подрачје. ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово јавно го прашува градоначалникот, каде му се петте катни гаражи, кои ги ветуваше во својата изборна програма и на изборни митинзи,- додаде Давидовиќ.

    Воедно, како што информираат од општинскиот комитет, тие секојдневно се на терен и сите проблеми коишто во разговор ќе ги соопштат граѓаните ќе бидат јавно обелоденети, со жестоки реакции и барање за нивно решавање.