Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери денеска одржаа прес конфенција пред зградата на Општината Куманово од каде побараа одговорност од градоначалникот и оставка од директорот од ЈП „Водовод„ поради состојбите со водоснабдувањето во градот.
Во неговиот мандат ЈП Водовод се затрупа во милионски долгови. Kриминал и неодговорност единствено може да биде причината за тоа што претпријатието бележи милионски загуби, а тоа не е резултат на домаќинско работење. Зоран Дамјановски треба да престане да го штити својот кумашин, директор на ЈП „Водовод„. Морално и доблесно е Виктор Божиновски-кумашин на градоначалникот Дамјановски да си поднесе неотповиклива оставка од местото директорот- рече координаторот Бобан Николовски.
Градоначалникот Зоран Дамјановски отфрла дека дека Водовод е виновен за недостаток на вода во градот, туку тврди дека проблемот е политички создаден од Водостопанство за да се зголеми цената на водата.
Во позадина на целата работа е двојно да се зголеми цената на водата за што нема никаква економска основа.Ако граѓаните дадат согласност да се зголеми цената на водата ние како Општина ќе го дозволиме тоа, но советниците на ВМРО-ДПМНЕ треба јавно да излезат и да кажат дека тие се промотори на таквата идеја. Зголемување на цената на водата значи 700 иљади евра годишно за сирова вода. Тоа пак значи дека 30 проценти од вкупниот приход на ЈП „Вододвод„ ќе оди за сирова вода, а тоа ќе значи и банкрот на претпријатието- изјави Дамјановски.
Градоначалникот потоа објави слики од мерењето на проток на водата до Филтер станицата од 160 литри во секунда, а не 220 како што тврди Водостопанство.