×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски заборави на предизборните ветувања за Перо Чичо

    27.08.2015 11:16 | KumanovoNews

    Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски, дека не ги исполнил предизборните ветувања за населбата Перо Чичо.

    ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски заборави на предизборните ветувања за Перо Чичо

    Потенцираа дека улицата „Ѓорче Петров“ сеуште не е асфалтирана, како и „6 април“, „30 јули“, „Руѓер Бошковиќ“, „Трајко Прокопиев“ и  „Анѓа Ранковиќ“.

    Каде е изградбата на потпорниот ѕид во Гладно поле стар дел? Каде е привремениот мост меѓу улиците „Ѓуро Пуцар - Стари“ и “Октомвриска револуција“? Каде е канализациската мрежа во Гладно поле? Каде е градинката во Перо Чичо? Каде е уличното осветлување? Дали ќе поднесете каква било одговорност за нереализацијата на овие проекти? Дали имате образ повторно да ја побарате довербата од граѓаните на Перо Чичо? - рече Билјана Димитриевска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово.

    Го обвинија и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски дека дозволил населбата во која живее да биде заборавена, но и Куманово да дојде до ова дереџе.