Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во своето прво официјално обраќање во јавноста, Пачков годинешниве резултати во капиталните проекти на градоначалникот и СДСМ ги нарече минимални и срамни.
Новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Јордан Пачков, денеска на прес конференција жестоко ја нападна локалната администрација и советниците од позицијата, дека откако со лажни ветувања ги добиле локалните изборите, сега наместо да ја реализираат понудената програма само се сликаат и патуваат со народни пари. Во своето прво обраќање на јавноста, Пачков годинешниве резултати во капиталните проекти на градоначалникот и СДСМ ги нарече минимални и срамни.
За него поважно е само да се слика и постојано да патува,а некој друг да му ја врши работата.Доколку се продолжи со исто темпо и динамика на првиот човек на Општината,кумановчани за жал нема ништо да видат во тековната година од капиталните инвестиции за градот, кои беа лажни предизборни ветувања на СДСМ. Ако за првиот квартал од годината оправдувањата за нереализирањето на нашиот политички опонент беше лутата зима и ладното време, по кое неможело да се работи, тогаш кое е оправдувањето сега?- праша Пачков.
Според ВМРО-ДПМНЕ спорни се и работните патувања на градоначалникот и советниците од мнозинството во локалната власт, кои се држеле во тајност од нивните советници и граѓаните, исто како и недостаток на инвестиции во водоводната мрежа, изградбата и реконструкција на локални патишта, улици, систем за наводнување, подземна гаража и останатите проекти што биле предизборно ветени.
Тој настојува да го има што почесто пред камерите, а реализацијата е еднаква на нула. Дури ни еден денар се нема потрошено годинава за изградба на локалните патишта и улици, вели извештајот што лично градоначалникот го достави до Советот и советниците. Ние како ВМРО-ДПМНЕ гласавме против, додека СДСМ и нивните сателити го изгласаа. Тоа е доказ за неажурноста и неспособноста на градоначалникот и СДСМ да се справи со ветувањата кои ги даде пред граѓаните и тоа во време кога општинскиот буџет е полн како никогаш досега. Принципиелно се поставува прашањето зошто кога има пари во буџетот тие не се трошат за доброто на граѓаните- вели Пачков.