×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО - ДПМНЕ: Кучињата касаат, стационар нема

    27.06.2012 10:51 | KumanovoNews

    Од Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ велат дека заради неодговорноста на локалната власт низ градот се шетаат кучиња скитници кои се опасност за граѓаните.

    ВМРО - ДПМНЕ: Кучињата касаат, стационар нема

     Тие тврдат дека добиле поплаки од револтирани граѓани кои се плашат дека ќе бидат нападнати од глутница кучиња.

    Проблемот со кучињата скитници, кои се секојдневен декор по кумановските улици никако да биде решен. Наместо истите да бидат соодветно третирани во еден стационар со пропишани стандарди, тие слободно се движат по улиците на “Европско“ Куманово и претставуваат закана и реална пречка за нормално функционирање на животот во градот. Решавањето на овој проблем е должност и обврска на градоначалникот на Куманово, но за жал како и за многу други проблеми “ич око не им трепнува“- изјави Злата Бојаџиева, член на ОК на УМС на ВМРО - ДПМНЕ.

    Таа додава дека и покрај ветувањата досега не е изграден стационар ниту какво било прифатилиште за кучиња. На конференцијата за печат беа покажани фотографии направени последнава недела и тоа кај Зелен пазар, зад зградата на Комитет, кај Гарнизон и други локации каде кучињата се присутни.