×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Многу празни ветувања за населба Карпош

    04.09.2015 11:30 | KumanovoNews

    Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски, дека не ги реализирал предизборните ветувања дадени на жителите на населба Карпош.

    ВМРО-ДПМНЕ: Многу празни ветувања за населба Карпош

    Велат дека оваа населба со 10.000 жители се соочува со водоснабдителни проблеми, многу од улиците не се асфалтирани или се раскопани, насекаде има смет и многу други комунални проблеми.

    Што стана со вашето ветување за иградба на тротоар на улица „100“ од крстосницата на улица “100“ со улица „110“ и крстосница на улица “110“ со улица “120“, поточно на мостот по кој дневно поминуваат по 300-400 деца од и кон училиштето? Кога планирате да започнете со реализација на ветувањето за изградба на детска градинка која ќе ги задоволи потребите на жителите на оваа населба? До кога треба да чекаат жителите на улица „1“ во близина на крстосницата со улица “70“, на ветувањето за поправка на фекалната канализација?До каде е реализацијата на санацијата на асфалтот на улиците “30“, “120“ и “110“?До каде е чистењето на коритото на барата кое ни е ветено до сега во неколку наврати“- изјави Сашо Стошевски, претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во населба Карпош.

    Жителите на Карпош велат дека иако поминаа два и пол години од третиот мандат на Дамјановски, тој ништо не направи за населбата и дека нивното трпение е при крај.