ВМРО-ДПМНЕ поднесе 30 приговори до ДИК
10.04.2013 09:17
| KumanovoNews
Од ОК на ВМРО - ДПМНЕ до Државната изборна комисија вчера поднеле 30 приговори за нерегуларности во вториот круг од локалните избори.

Приговорите пристигнаа 10 минути пред 19 часот, односно пред истекот на рокот. Тие се однесени на печатење или умножување и потоа ќе бидат разгледани. ДИК има 48 часа од приемот да се произнесе за приговорите - велат од ДИК.
Од ОК на ВМРО - ДПМНЕ не сакаат ништо да коментираат за забелешките кои ги имаат за текот на изборите.