×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ предлага пролонгирање на рокот за кандидатури до 3 март

    25.02.2013 14:07 | KumanovoNews

     За да се надмине политичката криза, од ВМРО - ДПМНЕ предлагаат да им се даде рок на опозиционерите до 3 март за поднесување на кандидатури за градоначалници и советнички листи.

    ВМРО-ДПМНЕ предлага пролонгирање на рокот за кандидатури до 3 март

     Ако СДСМ денеска го прифати овој предлог, утре на итна седница Собранието на Република Македонија би ги усвоило измените на Изборниот законик, предложија од ВМРО - ДПМНЕ.

    Оваа постапка би се овозможила со интервенција во преодните и завршни одредби на Изборниот законик и би се однесувала само за овие локални избори. Во врска со настаните од 24 декември, ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање Комисија која би имала надлежност да ги утврди сите причини, аспекти и настани кои доведоа до конкретната ситуација, по примерот на сите демократски држави каде секогаш се формираат комисии после случување на слични настани. Исто така, како што веќе се изјаснивме, за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива и опцијата, односно  предлогот кој го понуди претседателот Ѓорге Иванов - изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.

    Тој смета дека нивниот предлог до опозицијата е конструктивен, и решавањето на кризата ќе придонесе за евро - атланските интеграции на Македонија. Ставрески се надева дека опозицијата ќе се врати во Собранието каде ќе се води политички дијалог за важни прашања.