Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
При крај се подготовките за конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов ќе се одржи во Куманово и на кој партијата ќе избере нов лидер.
Ова е 15-ти по ред конгрес на партијата и за прв пат се одржува во Куманово.
“Куманово е сепак втор по големина град во Македонија и мислам дека заслужува една ваква манифестација да се одржи во Куманово. Меѓу другото, на конгресот се бира претседател на партијата. Кандидирањето на кандидатите за претседател сеуште трае. Можеби било кој да се кандидира, кој ќе собере потписи од 30 делегати, а вкупно има 560 делегати и слободно секој може да се обиде да биде претседател на партијата“ - изјави Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Конгресот на 2 и 3 мај ќе се одржи во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.