×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ:Во Проевце се живее како во 19-ти век

    10.09.2015 12:01 | KumanovoNews

    Од месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во селото Проевце, денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски дека заради неговото неодговорно владеење живеат како во 19-ти век.

    ВМРО-ДПМНЕ:Во Проевце се живее како во 19-ти век

     Тие велат дека Дамјановски доаѓа во селото само пред избори, а од ветеното ништо не реализирал. Сметаат дека градоначалникот ги игнорира и ги третира како граѓани од втор ред.

    “ Проевце се соочува со неизградена  патна  инфраструктура, проблеми  со  канализација и  водоснабдување.  И  додека  граѓаните  на  оваа населба се соочуваат со овие проблеми, Зоран Дамјановски, без ни малку срам и одговорност, продолжува со неговата негрижа кон граѓаните и неговото неработење. Тука  во  Проевце,  Дамјановски  не го одржа своето ветување да изгради  пат од Проевце низ Бејтови Ниви до маркетот Туш. Ветувањето беше пред избори, но завршија изборите, и толку од патот и од Дамјановски.  Исто  е  и  со  неговото  ветување  за  канализациската  мрежа  низ  Бејтови Ниви  и  Проевце  како  и  за  ветувањето  за  подобрување  на  водоводната  мрежа“-вели Викторија Георгиевска, жител на Проевце.

    Жителите на Проевце го повикаа Дамјановски да не ги дели граѓаните и да се зафати со решавање на нивните проблеми.