×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ започна со собирање на потписи во Куманово за поништување на Законот за попис

    20.02.2021 12:37 | KumanovoNews

    ВМРО-ДПМНЕ денеска на Градскиот плоштад во Куманово, започна кампањата за собирање на потписи за поништување на Законот на попис.

    ВМРО-ДПМНЕ започна со собирање на потписи во Куманово за поништување на Законот за попис

    Пратеникот Бране Петрушевски, рече дека станува збор за граѓанска иницијатива и ги повика кумановци масовно да се приклучат, со цел да се чуе гласот на народот и да се изврши притисок на власта пописот да биде направен според препораките на ЕУРОСТАТ.

    „Денеска продолжуваме со оваа наша битка во коалиција со народот. Покренуваме надпартиска граѓанска иницијатива за собирање на потписи, со кои ќе се предложи поништување на Законот за попис. Власта направи политизација на овој попис со воведување на двојниот потпис помеѓу директорот на Заводот за статистика и неговиот заменик, што е дополнителен аргумент за она што ние го тврдиме дека има однапред договор, а двојниот потпис е гарант дека тој ќе биде спроведен“, - изјави Петрушевски.

    Тој смета дека борбата и притисокот на власта мора да продолжи на овој начин затоа што пописот е однапред договорен и фингиран, а не реален како што очекувале граѓаните.

    „Откако Законот за попис беше протуркан во Собранието од страна на власта, да се попишуваат граѓани коишто не се од Република Македонија, а место нив тоа да го стори некој што го знае нивниот матичен број,  ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата поднесоа над 40 амандамни за корегирање и правење на нов текст на попис, кој ќе биде во согласност со препораките на ЕАКс. Истите беа брутално одбиени без дискусија, злоупотребувајќи го европското знаменце“, - рече Петрушевски.

    Потписите од граѓаните ќе се собираат на штанд на Градскиот плоштад и во попладневните часови во штабот на партијата. Иницијативата се спроведува во целата држава.

    (С.Н.)