×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-НП успешно ја завршува годината

    29.12.2010 11:44 | KumanovoNews

     ВМРО-Народна партија синоќа организираше новогодишен коктел за своите членови и соработници. Присутните ги поздрави претседателката Елизабета Симоновска и генералниот секретар Миле Јакимовски.

    ВМРО-НП успешно ја завршува годината

     Годината што изминува беше многу успешна, бидејќи бев назначена за претседател на општинскиот комитет и сметам дека тоа е големо достигнување за мене лично, но и голема обврска кон партијата.Оваа година ВМРО-народна партијуа ќе ја паметиме по тоа што ја направи својата конструкција и успешно се етаблира на политичката сцена во државата, како сериозен политички субјект.Во наредната 2011 година ќе работиме на остварување на нашата програма во интерс на граѓаните- рече во своето обраќање Симоновска.  

      Генералниот секретар Јакимовски исто така рече дека во годината што изминува партијата постигнала значајни резултати во консолидирање на партиските редови и зајанување на партијата,  а резултатите ќе бидат презентирани на Годишната конфернција што ќе се одржи во февруари.

    Сепак се надеваме дека 2011 година ќе биде поуспешна и поактивна како за нас така и за демократијата во државата, бидејќи одредени процеси во изминатиот период не не прават насреќани, пред се како граѓани. Без разлика дали наредната година ќе биде изборна или не, ние ќе се подготвуваме и ќе работиме на тој план за поуспешно претставување -рече Јакимовски.