Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На средба со министерката Гордана Јанкуловска граѓаните на Куманово поставија повеќе прашања и дадоа забелешки на работата на партиските функционери и локалната самоуправа од кои лично се засегнати или пак сметаат дека се од особено значење за секојдневниот живот.
Незадоволен член на ВМРО-ДПМНЕ се пожали на министерката дека партиските функционери се недостапни за луѓето кои им ја дале подршката на изборите.
Сакам да ви кажам дека кумановските политичари не го фермаат народот што ги гласаше. Кога и да се јавиме кај нив ни се обраќаат со навреди. Пратеникот Јордан Пачков воопшто и не сака да се јави на телефон. Тие не третираат како животни. Кога ќе му се јавиш на претседателот на општинскиот комитет, ми вика јас не сум ти курир. Секретарот на Собранието Жарко Денковски кога беше адвокат возеше велосипед, а сега вози бемве од 200 илјади евра, а ние го гласавме да дојде на таа функција. Кај кој директор да свртиме да ни помогне нешто, најлегално, за наши пари, никој не сака да си ја работи работата. Во полиција пријавив еден случај од 2009 година за проневера за 15 илјади евра, но никој не ми одговара. Јас ги има документите, но залудно. Ние сме трчале вие да дојдете на власт. Но во март кога ќе дојдат локалните избори јас ви гарантирам дека нема да гласаме за вас. Кога ќе дојдете во штабот на мојата населба јас ќе го затворам, а вие затворете ме мене- рече револтиран граѓанин од населбата Карпош.
Министерката му одговори дека неговиот случај и целата документација ќе биде разгледана во надлежните институции и ќе биде поднесена кривична пријава ако има основ за тоа, а за кого ќе гласа тоа е негов личен избор.
Во градот Куманово сакам да се направи градско веце. Јас сум стар човек и мене ми е срам да се кријам по околните ќошкови за да извршам нужда. Мислам дека тоа мора да се реши по итно-побара друг граѓанин.
Јанкуловска потести дека тоа е обврска на локалната власт и вети дека првата задача на новиот градоначалнико од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да изгради јавни тоалети.
Министерке многу ме радува што дојдовте на средба со граѓаните без обезбедување и без голема помпа. Тоа само покажува дека и вие сте обичен граѓанин како и ние и не не потценувате. Јас со моето семјество со години живејам во Шведска и се надевам дека наскоро, кога ќе дојдам тука на одмор ќе ги видам и нашите министри како одат со велосипед на работа, како што тоа го прават шведските министри. Се надевам дека ќе воспоставите и поголема економска соработка со Шведска за развој на нашата држава- и се одбрати на министерката еден од граѓаните.