×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Внимавајте, денес и утре жолта фаза

    20.06.2013 08:22 | KumanovoNews

      Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните денеска и утре да избегнуваат изложување на сонце од 11 до 16 часот, бидејќи сме во жолта фаза со високи температури.

    Внимавајте, денес и утре жолта фаза

    Тие ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат опшите препораки за населението во однос заштита од директна сончева изложеност, како што се избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

    Деновите со повисоки температури се очекува да траат до среда, а веќе од четврток се очекува намалување на температурите во цела држава.

    Нешто пониски температури од УХМР прогнозираат дека ќе има во охридско и преспанско.