×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во амбулантата „Тоде Мендол“ ќе се вакцинираат деца од приградските населби

    15.01.2020 13:35 | KumanovoNews

    Од почетокот на годината Одделот за вакцинација и систематски, при Здравствениот дом Куманово ќе работи и во просториите на поликлиниката „Тоде Менол“.

    Во амбулантата „Тоде Мендол“ ќе се вакцинираат деца од приградските населби

    Систематски прегледи и вакцинација на деца од предшколска возраст од приградските населби ќе се врши од понеделник до петок од 7 до 15 часот.

    „Дел од одделението започна да работи и на друга локација се со цел да се обезбедат подобри услови за преглед и вакцинација на децата во целата Општина. До сега овие прегледи се вршеа на терен, во училишта или во приватните ординации на матичните лекари, во несоодветни услови кои се неопходни за кавлитетен систематски преглед. Се со цел да пружиме квалитетна здравствена заштита и да ги вршиме задолжителните систематски прегледи на децата се одлучивме да го адаптираме  овие простории, со кои располагаме во амбулантата, - вели Снежана Јовановска, раководител на Службата за превентивна и примарна здравствена заштита.

    Во амбулантата „Тоде Мендол“ ќе се вакцинираат децата од населбите: Карпош, Добрешане, Черкезе, Лопате, Режановце, Романовце, Долно Којнаре, Биљановце и Тромеѓа.