Во Црвен Крст предавања за пхв проекти
15.01.2016 13:07
| KumanovoNews
Ви општинската организација на Црвен Крст Куманово следната недела ќе почнат предавања за проекти за промоција на хумани вредности.

Предавањата ќе ги држат волонтери дисеминатори, а учество ќе земат волонтери и ученици од Куманово.
Истовремено ќе бидат регрутирани и нови членови, а ќе се реализираат и проекти за промоција на хумани вредности по идеи на волонтерите и учениците. Може да биде тоа помош за загрозени граѓани или нешто друго за добро на заедницата - велат од Црвен Крст.
Овие активности традиционално се реализираат во почетокот на годината и се насочени кон добробит на заедницата.