Во дискотека прскале со солзавец и нападнале полицаец
27.10.2025 11:01
| KumanovoNews
Ноќеска се приведени две лица бидејќи прскале со солзавец во дискотека.
Околу 01:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.К. (24) и З.К. (23) од Скопје, откако во дискотека на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово прскале со солзавец и потоа нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејства.
Двајцата биле приведени во полициската станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.








