×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Драгоманце ќе престојуваат 12, во кумановски интернат 80 деца

    02.09.2015 08:49 | KumanovoNews

    Оваа година во интернатот во Куманово бројот на ученици е зголемен, а во интернатот во село Драгоманце ќе престојуваат помалку деца од лани.

    Во Драгоманце ќе престојуваат 12, во кумановски интернат 80 деца

    Во кумановскиот интернат има  80 деца, а лани бројката изнесуваше 70 деца. Директорот на “Професор Мијалковиќ“, Есад Шаботиќ вели дека родителите и учениците се запознаени што интернатот нуди и затоа интересот за сместување е зголемен.

    Ние ги посетивме училиштата за да објасниме кои се условите во домот. Истото го направивме преку јавните гласила. Вчера одржав состанок со родителите на новите ученици. Имаме ученици и од соседни општини, од селата Облавце, Цветишница, Враготурце, Псача, Ранковце, од Кратово, Крива Паланка и Свети Николе. Оваа година имаме десет деца плус и да се надеваме дека и во иднина ќе имаме повеќе сместени ученици - рече Шаботиќ.

    Во интернатот во Драгоманце ќе престојуваат 12 деца, а лани имаше 22 ученици од поодалечените села во општина Старо Нагоричане.

    Бројката на деца е намалена затоа што се иселуваат семејства во град. Оваа учебна година кај нас ќе престојуваат деца од селата од козјачие, Длабочица, Кокино, Арбанашко, села до кои нема превоз и не може детето да дојде на настава и да си оди после часови - вели Стојка Спасовска, директорка на интернатот.

    Сместувањето на учениците во ученичките домови е на трошок на државата.