Во два случаи најдени фалсификувани пари во Куманово
Кумановската полиција пред два дена во два одделни случаи откри фалсификувани пари.

По добиени оперативни сознанија и издадена наредба од Основен суд Куманово, извршен е претрес во домот на Б.Џ.(29) во липковското село Опае, каде се најдени 10 банкноти од по 50 евра со ист сериски број, гасен пиштол и 4 куршуми.
Во вториот случај во Спортската сала во Куманово се најдени 18 банкноти од по 1000 денари, и се предадени на вештачење во Народна банка.
Во првиот случај против Б.Џ. ќе биде поднесена кривична пријава за фалсификување пари, и барање за поведување на прекршочна постапка по Закон за оружје.
Полицијата работи на расчистување на вториот случај.