Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во СВР Куманово вчера околу 14 часот било пријавено дека на место викано „Митев мост“ во Куманово настанал пожар во кој биле зафатени сува трева и грмушки, при што бил зафатен и дворот на С.М. каде што изгорела сува трева.
„Со пожарот бил зафатен и соседен двор во кој изгорела сува трева, жива ограда и пластеници со родни дрва. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово“, објави МВР.