Во градинката донација „Од дете за дете“
Децата од градинката „Ангел Шајче“ донираа за децата од сиромашни семејства.

Донацијата од облека, играчки, детска литература денеска беше предадена на вработени од Центарот за социјални работи Куманово и оттука ќе биде доставена онаму каде има потреба од помош, Проектот “Од дете за дете“ е поддржан од Министерството за труд и социјална политика и ќе се реализира и во иднина.
Оваа донација се состои од облека, обувки, детска литература и други помагала што се потребни на децата. Спроведени се две акции во јуни и во октомври оваа година, при што се соберени околу 2120 разни видови на облека, прилагодена според временските промени, летна, зимска. Имаме околу 113 детски играчки, 101 детски обувки, патики и ред други работи. Имаме помагала како чанти, капи, шалови, боенки, сликовници, сè што ќе им треба на деца кои се од ранлива категорија - изјави Лидија Николовска Георгиевска, координатор на проектот.
„Од дете за дете“ втора година се спроведува во градинката. Целта е кај децата да се поттикне хуманоста и солидарноста. Градинката ќе организира аукција на слики и цртежи, а собраните средства ќе одат во хуманитарни цели.