Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оштетен е автомобил на кумановец кој летувал во Паралија, Грција.
На автомобил марка „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. во местото Паралија, со црн спреј му биле испрскани регистарските таблици во делот на ознаката МК, како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што е прекриена ознаката „МК“.
Изминатиов период, граничната полиција евидентираше 4 нови случаи на оштетување возила на македонски државјани кој летувале во соседна Грција.
Со овие четири нови случаи, билансот на оштетени возила на македонски државјани кои летувале во Грција се искачи на 10, а евидентиран е и еден случај на кражба на регистарски таблички.