Мени

Во „Југ-Турист„ стечајци проневериле 500 иљади евра

07.05.2013 13:12 | KumanovoNews

Тројца стечајни управници проневериле над 30 милиони денари во автотранспортното претпријатие „Југ-Турист„ од Куманово.

Во „Југ-Турист„ стечајци проневериле 500 иљади евра

Стечајците Д.М. од Скопје, М.Т. од Крива Паланка и М.С. од Скопје од 2004 до 2009 година ја злоупотребиле службената положба и овластувања и без одобрение од Стечајниот совет, потрошиле 30.865.221,00 денари. Истовремено додека биле одговорни лица на АД „Југ Турист“ Куманово во стечај, не уплатиле плата и придонеси на вработените, а на незаконит начин ги трошеле сите пристигнати приливи на жиро сметка и парите уплатени од продажба на објектите кои и припаѓале на фирмата.

Управата за финансиска полиција до ОЈО - Куманово, денеска поднесе кривична пријава против тројцата стечајни управници на АД „Југ Турист„ поради сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.