Во куќа се запали електрично броило
29.07.2014 09:21
| KumanovoNews
Електрично броило се запали претпладнево во семејна куќа на улицата “Ѓорче Петров“ во населбата „Перо Чичо„.

Територијалната противпожарна единица Куманово со едно возило и четворица пожарникари за кратко време го изгасила пожарот.
- Не е причинета поголема материјална штета. Оштетено е само броилото, а куќата не е зафатена со пожарот. Во последно време откако се поставени новите електричните броила зачестија пожарите во однос на претходно, кога беа старите броила - вели Деан Илиевски, командир на Територијална противпожарна единица Куманово.