Во куќа во Ваксинце пронајдени мигранти
30.11.2015 15:07
| KumanovoNews
Полицијата вчера во куќа во липковското село Ваксинце пронашла мигранти.

Во куќата која е на Р.Р. кој е на привремена работа во Швајцарија, околу 16 часот по добиена пријава полицајци од Полициска станица Матејче пронашле 42 мигранти, од кои 7 биле малолетници. Се работи за мигранти од Сирија, Пакистан, Иран и други држави. Тие илегално дошле во земјава и насилно влегле во куќата на Р.Р.
Мигрантите се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.