Во Куманово 10 отсто излезност
24.03.2013 10:57
| KumanovoNews
До 10 часот во Куманово на гласање излегле 10 отсто од гласачите. Никакви инциденти не се регистрирани, и од Општинската изборна комисија велат дека гласањето се одвива мирно и во демократска атмосфера.

Во Општина Старо Нагоричане гласале 16,4 отсто од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список. Во Липково излезноста до 10 часот е 7 отсто.
И во овие две општини немало инциденти при гласање.