Во Куманово 13 сантиметри снег, минималната температура -2
        25.03.2020 09:46
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во 7 часот висината на снежната покривка во Куманово изнесува 13 сантиметри снег. Најмногу снег навеа во Ѓуриште 31 сантиметар и најмалку во Скопје 2 сантиметри.
 
                  Во изминатите 24 часа наврнат воден талог во Куманово изнедува 13 л/м2, (до 07 часот), а измерена е минимална температира од -2 степени Целзиусови.
Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот поради затоплувањето, на места врнежите ќе преминат во дожд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
(Фото: Фејсбук Зоран Петковски )



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





