Во Куманово 15 луѓе живеат со ХИВ/СИДА
Заклучно со 25 ноември годинава во Институтот за јавно здравје е регистрирано едно новооткриено лице со ХИВ/СИДА од Куманово, а во градот со ХИВ/СИДА живеат 15 луѓе, покажуваат статистиките.

Годинава се регистрирани 19 случаи на ХИВ /СИДА. Четири од нив имаат СИДА , останатите се ХИВ позитивни, а годинава само едно лице починало од СИДА . Во 19 ново евидентирани лица има една жена , а дури 15 од нив се на возраст меѓу 20 и 39 години. Најмногу нови случаи 8 се од Скопје, 3 лица се од Тетово, по две лица се од Битола и Кавадарци и по едно ново регистрирано лице живее во Куманово, Гевгелија, Берово и Дебар.
Неуморната статистика покажува дека во Скопје со ХИВ /СИДА живеат дури 117 , во Тетово 26, Куманово 15, Прилеп 10, Охрид 9 и во Кичево 8 лица.
Денеска се одбележува 1 декември-Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА и по тој повод деновиве ќе има едукативни активности за учениците во Куманово.