Во Куманово 434 кандидати за 31 советничко место
За 31 место во Советот на Општина Куманово се пријавиле 434 кандидати на 14 советнички листи.

Советнички листи се поднесени од: СДСМ - носител Томица Илиќ, ВМРО-ДПМНЕ носител Владимир Михајловски, ЗНАМ - Ивана Ѓорѓиевска, Македонска трета ера „Суверенисти“ - Марјан Пешевски, МААК - Аца Јаневски, коалиција ЛДП, Интегра и ПЦЕР - Тома Глигориевски, ДПСМ - Иван Стоилковиќ, ДОМ - Сретен Стојковски, Левица - Виторио Зафировски, Единстена Македонија - Сунчица Павлова, ДУИ - Влерим Исени и ВЛЕН - Скендер Османи. Независните листи поднеле Месуд Бајрами и Иван Петковски.
Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, и во првиот круг ќе се знае по колку советници ќе освојат партиите и независните граѓански групи.
Предходниот состав на Советот броеше 33 советника, но поради намалениот број на жители во Општина Куманово, кој го покажа последниот попис, бројот падна на 31.