×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово два нови случаи на коронавирус и шест оздравени

    07.05.2020 11:04 | KumanovoNews

     Двајца новозабоени и шест оздравени од коронавирус се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово.

    Во Куманово два нови случаи на коронавирус и шест оздравени

    Во Институтот за јавно здравје, како што информираше Министерството за здравство, денеска се регистрира 22 оздравени пациенти: Скопје 2, Куманово 6, Штип 3, Прилеп 7, Тетово 1 Струга 1, Кочани 2

    Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД -19.

    На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

    Вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.