×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово еден позитивен и 12 оздравени од коронавирус

    06.05.2020 11:08 | KumanovoNews

     Во изминатото деноноќие во Куманово е регистриран еден позитивен на КОВИД-19, а 12 пациенти се оздравени.

    Во Куманово еден позитивен и 12 оздравени од коронавирус

    Министерството за здравство, денеска информираше дека Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти: Скопје 5, Куманово 12, Прилеп 9, Велес 12, Битола 2, Кавадарци 1, Крушево 1, Неготино 2.

    Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1. Досега во земјата се направени вкупно 17836 тестирања на КОВИД -19.

    Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на КОВИД-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

    Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539, бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.