Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шест литри дожд на метар квадратен наврнал во изминатите 24 часа во Куманово. Најмногу во Крива Паланка 16 л/м2, анајмалку во Гевгелија и Претор по еден литар на метар квадратен.
Минималната температура во Куманово изнесува 6 степени Целзиусови.
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата.
На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи.
На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. На југозападот ќе дува засилен западен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.