×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово наврнаа 10 литри дожд на метар квадратен

    25.05.2025 08:50 | KumanovoNews

    Во изминатите 24 часа во Куманово наврнаа 10 литри дожд на метар квадратен.

    Во Куманово наврнаа 10 литри дожд на метар квадратен

    Најмногу дожд 20 л/м2 падна во Крива Паланка, Виница и Струмица, 16 во Штип и Кавадарци, 14 во Битола и Берово, 13 во Тетово, Прилеп, Крушево и Попова Шапка, 11 во Тополчани, 10 во Скопје-Петровец и Куманово, 9 во Претор, 8 во Демир Капија, 7 во Скопје-Зајчев Рид, 6 во Велес, 5 во Охрид, Гевгелија, Лазарополе и 4 Маврови Анови.

    Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h), особено долж Повардарието. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

    Во Скопје и околината, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.