Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово во последните 24 часа наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Најмногу дожд ноќеска наврна во планинските делови на Македонија.
Во Крушево наврнаа 16 литри дожд на метар квадратен, во Лазарополе 14, Дебар 11, Пожаране 11, Маврово 10, Тетово 9, Охрид 8, Претор 6. Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди попладне во источните делови. Во западните делови ќе има услови за слаб дожд, слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималните температури ќе се движат до 22 степени - вели Маја Којдовска Маркоска, дежурен синоптичар.
Во понеделник ќе има услови за врнежи од дожд, а од среда се очекува пад на температурите.