Мени

Во Куманово наврнаа 5 литри дожд, утрoво измерени 7 степени

03.04.2026 09:21 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа во Куманово наврнале 5 литри дожд на метар квадратен, а минималната температура била 7 степени Целзиусови.

Во Куманово наврнаа 5 литри дожд, утрoво измерени 7 степени

Најмногу врнежи се измерени во Демир Капија – 28 л/м², потоа 17 во Маврови Анови, 16 во Кавадарци и Крушево, 15 на Попова Шапка, 13 во Битола и Пожаране, 12 во Гевгелија и Тополчани, 11 во Скопје-Петровец и Охрид, 10 во Велес и Ѓуриште, 9 во Пожар (Радовиш), 7 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Претор, Струмица и Берово, 6 во Штип и 5 во Куманово и Тетово. Најмалку, 3 л/м², се измерени во Виница и Лазарополе.

Најниска температура е измерена на Попова Шапка – 4 степени под нулата, додека 0 степени се измерени во Крушево, Маврови Анови и Лазарополе. Температура од 2 степени е измерена во Претор, 4 степени во Крива Паланка, Битола, Охрид и Берово, 5 во Прилеп, 6 во Тетово, Штип и Виница, а 7 степени во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица и Гевгелија.

Висината на снежната покривка, измерена во 8 часот, изнесува 77 сантиметри на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.