Во Куманово нема опасност од излевање на реките
08.04.2013 10:50
| KumanovoNews
Во текот на изминатите 24 часа во Куманово и кумановско, наврнаа 15 литри дожд на метар квадратен, кои не предизвикаа некои големи потешкотии.

Водостојот на реките е со стабилно ниво и нема опасност од излевање, известуваат од Центарот за управување со кризи.
Во наредните денови се очекува по стабилно време, со постепено зголемување на температурата.
Утре дневната температура ќе се движи до 17,во среда и четврток до 19 степени Целзиусови.