Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје 261, Тетово 30, Струмица 23, Прилеп и Битола 21, Штип 19, Куманово 13, Крива Паланка 4, Свети Николе 8 и др.
Починати се 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53), еден пациент од Штип (66), еден од Радовиш (72), еден од Струмица (71), еден од Пробиштип (75) и еден пациент од Македонска Каменица (44).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.