×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово нови 17 случаи на ковид-19, еден починат

    20.02.2021 19:16 | KumanovoNews

    Во последните 24 часа регистрирани се 449 нови случаи на ковид-19, a направени се 3.283 тестирања.

    Во Куманово нови 17 случаи на ковид-19, еден починат

    Во Скопје се регистрирани 170 новозаболени, во Прилеп – 55, Кавадарци – 35, Гевгелија – 23, Тетово – 19, Охрид и Куманово – по 17, Битола и Неготино – по 16, Велес – 10, Струга – 8, Струмица и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Штип, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 4, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Кичево, Дебар, Валандово и Крушево – по 2, Кочани и Радовиш – по 1.

    Починати се 10 лица, 3 пациенти од Скопје (83, 79, 65), по еден од Тетово (72), Куманово (71), Прилеп (79), Велес (84), Охрид (58), Кавадарци (65) и Делчево (75). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

    Регистрирани се 227 оздравени пациенти од: Скопје – 102, Куманово – 41, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Тетово и Велес – по 8, Штип – 6, Гостивар и Кочани – по 5, Битола и Струмица – по 4, Гевгелија, Неготино, Ресен и Крушево – по 2, Дебар, Пробиштип, Виница, Дојран и Македонски Брод – по 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 500.551 тестирања на ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, бројката на оздравени пациенти е 89.249, на починати е 3.047, а бројот на активни случаи изнесува 6.735.