×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово одбележан Светскиот ден на прва помош

    15.09.2022 18:45 | KumanovoNews

    Отсекот за превенција на СВР Куманово, Општинската организација на Црвениот крст и Брза помош,  денеска организираа показна вежба за правилно укажување на прва помош, по повод Светскиот ден на прва помош.

    Во Куманово одбележан Светскиот ден на прва помош

    Волонтери на Црвениот крст симулираа незгоди на повредени лица од тврд предмет, сообраќајна незгода или повреда од пожар, додека полицијата стопираше возачи по случаен избор, или минувачи кои се вклучија во вежбата и симулираа давање на прва помош со асистенција на волонтерите.

    Показната вежба имаше за цел да ги натераат граѓаните да го освежат знаењата за пружање на прва помош.

    „Се работи за неколку повреди – отворена скршеница на подлактица, обилно крварење и повреда на скочен зглоб, што се најчестите повреди кои се случуваат. Волонтерите ќе им демострираат на возачите како да се справат со нив“, изјави Никол Ѓорѓевска, волонтер на Црвениот Крст.

    Укажувањето на прва помош е многу значајно и може да биде пресудна во спасувањето на повредените.

    „Со правилно укажување на прва помош може само да им помогнеме на пациентите до доаѓањето на итната помош. Ги подржуваме овие акции, секоја чест на овие млади луѓе, ентузијасти кои покажуваат одлична способност за укажување на прва помош“, истакна д-р Мирјана Прокоповска од тимот на Брза помош.

    Во сабота волонтерите од Куманово ќе заминат во Битола, каде ќе се одржи конвенција. Во рамките на одбележување на Светскиот ден на прва помош започнува кампања во која ќе бидат опфатени 2500 ученици, од основно и средно образование, за обука на давање на прва помош. Кампањата ќе ја спроведуваат обучени волонтери и тренер за прва помош.  

     О. Пешевска